ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ ЗА СВЕТОТ НА КНИГИТЕ ШТО МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ (ВТОР ДЕЛ)

ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ ЗА СВЕТОТ НА КНИГИТЕ ШТО МОЖЕБИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ (ВТОР ДЕЛ)

Читањето го менува човекот на многу суптилни начини и на многу длабоко ниво. Ако си од оние кои постојано се дружат со различни приказни, сигурно ќе се согласиш дека светот на книгите е многу пофасцинантен отколку што воопшто сме свесни за тоа. Следниве, и уште многу други интереси податоци сигурно ќе те изненадат, а пред да продолжиш со читањето на новите факти, фрли поглед-два и на првиот дел од оваа наша статија.

Во библиотеката на Харвард се смета дека постојат три книги завиткани во човечка кожа

Една од книгите кои се наоѓаат на полиците во библиотеката на Харвард, насловена како Des destinées de l’ame, се смета дека е подврзана во човечка кожата. Се наоѓа таму од 1930 година. Оваа практика на подврзување на книги со човечка кожа воопшто не била невообичаена во 15 век, кога, меѓу другото, на тој начин им се оддавала чест на мртвите.

Варшава е град со најголем број библиотеки по глава на жител

Со неверојатни 11,5 библиотеки на 100.000 жители, главниот град на Полска е рај за книгољупците. Сеул и Брисел се многу близу до оваа бројка, со приближно 10 и 11 библиотеки на 100.000 жители. А градот во кој се зајмуваат најмногу книги е Токио.

Најдолгиот напишан роман е „Во потрага по загубеното време“ од Марсел Пруст, со 1.267.069 збора

Ова ремек-дело од 13 тома на Пруст е објавено во 1912 година, во Франција. Има 4.215 страници и се состои од околу 9.609.000 карактери заедно со празните места. На просечен читател кој чита по 300 збора во минута му требаат 70 часа за да го прочита овој неверојатен роман.

Џејмс Патерсон, авторот на серијалот за Алекс Крос, е првиот писател што продал над еден милион е-книги

Во јули 2010 година Патерсон го урна рекордот во продажба на електронски книги. Подоцна во текот на истиот месец „Амазон“ објави дека неговиот конкурент, Стиг Ларсон, исто така продал над еден милиони примероци од трилогијата „Милениум“.

Марија Тереза Калдерон од Филипините е најбрза читателка на светот

За времето што им е потребно на повеќето луѓе да ја прочитаат етикетата на кутија за житни снегулки, Марија Тереза Калдерон може да прочита половина книга, па и повеќе ако не мора да ги врти страниците. Таа е способна да прочита 80.000 збора во минута со 100 % разбирање на содржината. На Универзитетот, таа прочитала есеј од 3.135 збора за само 3,5 секунди.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново