ВИНКА САЗДОВА И ЈАГОДА МИХАЈЛОВСКА-ГЕОРГИЕВА НА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО БУГАРИЈА

ВИНКА САЗДОВА И ЈАГОДА МИХАЈЛОВСКА-ГЕОРГИЕВА НА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО БУГАРИЈА

Во рамките на Деновите на македонската литература во Бугарија, денес во Софија ќе се одржи промоција на романите „Вилино“ и „Манастир Фуентерабија“на бугарски јазик во присуство на истакнатите авторки од македонската книжевна сцена Винка Саздова и Јагода Михајловска-Георгиева. Промоцијата ќе се одржи во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, со почеток од 18:30 ч., а промотор на делата ќе биде Пламен Тотев, издавач и голем промотор на македонската литература во Бугарија.

Деновите на македонската литература продолжуваат со настани во Ловеч, каде што на 9 јуни ќе се одржи уште една промоција на романите и средба со авторките Винка Саздова и Јагода Михајловска-Георгиева.

Бугарската читателска публика е веќе запозната со уметноста на овие авторки. Покрај „Последниот чај“, „Вилино“ станува вториот роман од Винка Саздова преведен на бугарски јазик. „Вилино“ е приказна за љубовта и ново откривање на животот, роман полн со источна мудрост и мистична филозофија што ја толкува слободата и стравот од неа.

Јагода Михајловска-Георгиева веќе ја има на полиците во бугарските книжарници со три романи, на кои сега им се придружува уште еден, со приказната за еден монах кој се размонашува и заминува во Фуентерабија, каде што се сретнува со една толку различна, но еднакво повредена душа.

Средбата со писателките ќе прерасне во траен спомен преку печатените книги чии преводи се во издание на „Персеј“. Средбата, а и самите книги, се културно издигнување на едно ново рамниште, афирмација на македонското литературно творештво што ќе придонесе за културна размена преку книжевноста.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново