ШТО НАУЧИВМЕ ОД МУДРОСТА НА ЏЕЈ ШЕТИ

ШТО НАУЧИВМЕ ОД МУДРОСТА НА ЏЕЈ ШЕТИ

Секој читател индивидуално ги впива книгите и потоа ги живее на свој сопствен начин. Секој различно ги применува и мудростите на Џеј Шети, но ако можеме да ги сумираме во пет точки, би ги издвоиле следниве категории.

Да научиш да живееш како Џеј Шети, автор на „Размислувај како монах“, е голем чекор до среќата, но да го пронајдеш начинот како да живееш не како монахот Шети, туку како монахот – ти, тоа е самата среќа.

ВИСТИНСКИТЕ ПРАШАЊА ГИ НОСАТ ВИСТИНСКИТЕ ОДГОВОРИ

Првиот чекор до вистински одговор е вистинско прашање. За себепронаоѓање, треба да знаеш кој си, зошто си тука, која е твојата цел во животот, во што веруваш? Читајќи го Џеј Шети, ќе ги пронајдеш вистинските прашања, а тие пак ќе те однесат до вистинските одговори.

СЕКОЈ НАПРЕДОК ТРЕБА ДА СЕ ВРЕДНУВА

Научивме дека треба да се преиспитуваме – што постигнавме во последните седум дена, дали направивме сè што планиравме? Целта на овој чекор е да се охрабриме за нови победи. Го постигнавте ли она што го посакувавте? Тогаш итајте кон нови успеси. Не го постигнавте посакуваното? Тогаш бидете уште помотивирани! „Наместо да ги засилувате вашите неуспеси, засилете го вашиот напредок.“

ПОМАГАЊЕТО И СЛУЖЕЊЕТО КАКО ВРВНА ЦЕЛ

Монасите, меѓу кои е и Џеј Шети, живеат во служење. Да мислите како монах, во крајна линија, значи да помагате. Клучното правило за среќа е да ги усреќуваш другите. „Садете дрвја под чијашто сенка не планирате да седите.“ Секојдневно помагајте и ќе забележите колку задоволство и спокој се крие во сочувствувањето – помагањето исполнува!

СТРАСТИТЕ ТРЕБА ДА СЕ НЕГУВААТ

„Усогласете се со вашата страст. За да ја дигнеме коприната од нашата дарма, мораме да ги идентификуваме нашите страсти – активностите што ги сакаме и коишто сме природно наклонети добро да ги правиме.“ Да ја негувате сопствената пасија значи да го гледате светот со љубопитни очи – на тој начин ќе го прифаќате со будност секој миг од животот.

ДОБРИТЕ НАВИКИ ЗНАЧАТ ДОБАР ЖИВОТ

Навикнете се да бидете благодарни за животот и да ја цените секоја минута, секој миг да вдишувате благодарност – медитирајте, читајте, слушајте, гледајте нешто што ќе ве мотивира. Но и кога ги извршувате секојдневните активности, посветувајте се само на едно дејство. Навиката значи секојдневно вложување максимум во секоја минута. Затоа Џеј Шети нè учи: „За да си ја зацврстам навиката, се обидувам да практикувам вршење на една задача во еден момент и кога ги вршам секојдневните работи“.

 

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново