ПРИКАЗНИ ШТО НÈ ОБЕДИНУВААТ – КНИЖЕВНИ ХОРИЗОНТИ БЕЗ ГРАНИЦИ

ПРИКАЗНИ ШТО НÈ ОБЕДИНУВААТ – КНИЖЕВНИ ХОРИЗОНТИ БЕЗ ГРАНИЦИ

На книжевниот фонд на нашата земја, на најмладите читатели кои чекаат нивните имагиниции да бидат збогатени, како и на сите умови гладни за уметнички вредности, им е потребна висококвалитетна литература од докажани автори. Токму тоа го носи проектот „Приказни што нè обединуваат“. Целта е јасна – да се пополни празнината на квалитетна книжевност на македонската литературна сцена, особено во литературата за најмладите кои ќе прераснат во идни читатели, а која е сѐ уште во сенка. Уште поважно е тоа што ќе им се даде можност да научат да се справуваат со различни животни прашања и да формираат мислење за уметноста. Проектот несомнено ќе придонесе за развој на префинет литературен вкус благодарение на широкиот опсег на теми, наслови од различни култури со кои македонската читателска публика ретко доаѓа во контакт и, секако, преку понудата на разновидни жанрови: фантазија, реализам, историја, сè што ја разгорува љубопитноста.

Овој спектар на приказни, зад кои стои вистинска наука за вредностите, книга по книга, боја по боја, се слева во една точка, видлива само за инспиративните. Таа точка е точката на обединување.

„Сенишната шума“ од Мет Хејг

Ако сакаш да преживееш во Сенишната шума, мора да го почитуваш правилата: никогаш не губи ја сенката, не спријателувај се со трол, бегај од сенишната вештерка за да не бидеш претворен во зајак... Но најважно од сè: никогаш не влегувај во шумата, освен ако си во придружба на Мет Хејг. Оваа мистериозна приказна ќе ги остави младите без здив до последната страница.

„Невидливото дете“ од Туве Јансон

Застрашувачки звучи да станете невидливи, нели? Со шведската авторка Туве Јансон ќе откриете како да ја спасите Нини од целосната невидливост. Во меѓувреме, во магичниот свет на Мумините ќе се појават и две шепи на змеј... Ќе уживате во десет возбудливи раскази за маките и за победите на жителите на Муминовата Долина, кои ќе ве пренесат во волшебниот свет на приказните.

„Син“ од Алехандро Паломас

Секој од нас има различна вистина, и можеби токму затоа вистината е она што најмногу ги збунува децата. Во книгата на Паломас се закачуваме за чадорот на Мери Попинс. Каде ли ќе нѐ однесе тој во оваа приказна? Ќе дознаеме зошто деветгодишниот Гилјермо е толку тажен, ќе влеземе во неговиот чуден свет и ќе откриеме зошто тие тажни сини очи копнеат да бидат Мери Попинс. Под тие очи трепери нешто таинствено, и нешто многу тажно. Што е тоа?

„Кит на плажа“ од Винко Модерндорфер

Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но каде се кријат китовите со своите тајни додека се сами? Ника чува една тајна. Нека оваа книга ви ги открие тајните, нека ви покаже дека во светот на децата не постои граница помеѓу нормалното и невообичаеното и нека го скрши ѕидот зад кој се кријат пејзажи на фантастични детски мисли. Совршено четиво за секого.

„Доктор Проктор и големата кражба на злато“ од Ју Несбе

Ју Несбе со оваа книга ги краде сите големи и мали срца. Сите што еднаш ќе влезат во светот на доктор Проктор, не сакаат да излезат оттаму! Зашто тој свет е полн со необични авантури, многу хумор и духовити дијалози, чудни ликови и чудесни изуми. Оваа приказна е експлозивно смешна акција во која доктор Проктор и неговите придружници Буле и Лисе заминуваат да ја пронајдат украдената норвешка златна резерва.

„Мртва трка“ од Бенедек Тот

Прашањето за смислата на постоењето и за спасот од егзистенцијалната апсурдност секогаш е најсурово во тинејџерските години. Бруталниот роман на Бенедек Тот носи страшни вистини. Ја крева маглата над провинцискиот град и го открива бесниот очај на тинејџерите од градот. Ќе испливаат ли на брегот на смислата?

„Славната инвазија на мечките на Сицилија“ од Дино Буцати

Во илустрираната читанка од Дино Буцати мечките живеат на високите планини на Сицилија со својот крал Леонцио. Нивното кралство е хармонично сè додека двајца ловци не го грабнат малиот Тонио, по што следува потрага полна со магија. Дознајте дали ќе го најдат малото мече и што ќе се случи кога мечките ќе слезат во градот и ќе ги присвојат човечките пороци.

„Потпалувачи“ од Јан Карсон

Оваа емотивна приказна за семејната љубов и жртвувањето ја доби Европската награда за литература во 2019 година, и тоа сосема заслужено. Разгорувајќи го жарот на заштитната страна на родителството, таа покренува едно важно прашање: колку тежат конечните одлуки? Растргнати меѓу одлуките што треба да ги донесат за своите деца, двајца татковци пред себе го имаат истото прашање: кого ќе изберат да заштитат?

„Мала веројатност“ од Марјолајн Хоф

Која е веројатноста да ве разнежни тажниот роман на Марјолајн Хоф? Верјатноста е голема, зашто необичните зборови за растењето и приврзаноста, за љубовта и надежта на малата Кики длабоко нѐ трогнуваат. Кики со тешко срце се збогува со татко ѝ, кој како лекар заминува во војна во далечна земја. Кики оди дотаму што смета дека жртвувањето на нејзиното милениче ќе ја зголеми веројатноста тој да остане жив.

„На големото корито“ од Софи Дол

Во книжарницата на Софи Дол, додека една романсиерка се подготвува за промоција на својата прва книга, еден телевизиски гледач повторно ќе го доживее своето животно соочување со сопствените избори и грешки. Откако ја отслужил казната за злосторството што го извршил пред 30 години, тој води мирен живот, сè досега... Уште еден извонреден роман за потрага по вистината, добитник на Европската награда за литература. 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново