КАКО ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ НАЈМНОГУ ОД КНИГИТЕ ШТО ГИ ЧИТАТЕ

КАКО ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ НАЈМНОГУ ОД КНИГИТЕ ШТО ГИ ЧИТАТЕ

Сите успешни луѓе и храбри сонувачи имаат најмалку една заедничка работа – сите се големи читачи. Можеби овој факт ќе те инспирира, ќе те натера да одиш во најблиската книжарницата за да си набавиш книги што ќе те мотивираат на животот да му пристапиш од поинаква перспектива.

Друг интересен факт за оваа категорија луѓе е што тие не го поминуваат времето во едноставно читање на страници и страници текст, туку паралелно развиваат системи и навики за да излечат најмногу што можат од прочитаното.

1. Фаќајте забелешки.

Секогаш читајте со молив в рака. Фаќањето забелешки е првиот и суштински чекор за да извлечете максимум од книгата што ја читате. Сепак, тоа е само почетокот. За подобра организација, можете на првата страница да си ги запишете страниците на кои има мисли што ви оставиле најсилен впечаток.

2. Означете го со ѕвездичка она што го сметате за корисно.

Можете и да го збогатите индексирањето така што ќе им додадете ѕвездичка на страниците што сметате дека се посебно важни. На тој начин ќе имате прегледност кога по неколку недели ќе им се вратите на идеите и концептите и ќе сакате дополнително да ги разработите.

3. Бидете книжевен сештојад.

За да не бидете ограничени во познавањето на надворешниот и на својот внатрешен свет, читајте разновидна литература: од будизам и модерна психологија, до книги од бизнис-лидери, белетристика и, секако, неодминливите класици. Кога ќе се случи симбиоза на светот на фикцијата и нефикцијата, кога фактите и фантазијата ќе се измешаат, тогаш личното надградување доживува најголем напредок.

4. Искористете го својот читач на електронски книги за брзо прегледување.

Иако го претпочитаат традиционалниот начин на читање, многумина во своите читачи чуваат книги што чекаат погоден момент да бидат прочитани. Електронските уреди се од голема корист затоа што на едно место имате пристап до стотина наслови. Ако секој ден се возите од дома до работа, и назад, времето поминато по автобуси и возови искористете го за да го препрочитате обележаното или да се нурнете во нови текстови и знаења.

5. Применете го знаење од книгите во својот живот.

Фаќање забелешки, индексирање, обележување со ѕвездички и препрочитување – сите овие работи ќе бидат залудни ако знаењето од книгите не го примените во животот. Ако читаш книга за говор на телото или како да допреш до своето внатрешно дете, примени ги советите што ти ги нудат страниците. Едноставно, учи од грешките и примерите на оние што гласно зборуваат за тоа.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново