НОВОГОДИШНА ПОРАКА ОД НИЛ ГЕЈМАН

НОВОГОДИШНА ПОРАКА ОД НИЛ ГЕЈМАН

Кога висината најмногу те плаши, тогаш е вистинскиот миг да скокнеш во нови хоризонти. Ако не скокнеш тогаш, целиот живот ќе останеш на истото место. Скаменет, и полн со страв. Ако згрешиш, тогаш си завршил добра работа. Во тоа нè убедува и еден од најоригиналните и најпопуларните современи автори, Нил Гејман, кој во својата новогодишна порака нè охрабрува да зачекориме во нови почетоци.

Се надевам дека во годинава што настапува, ќе правиш грешки.
Зашто ако правиш грешки, значи дека правиш и пробуваш нови нешта, учиш, живееш, се напрегаш, се менуваш, го менуваш својот свет. Правиш нешта што никогаш претходно не си ги направил, и што е уште поважно, ПРАВИШ НЕШТО.

Тоа е мојата желба за тебе, и за сите нас, и за себеси. Прави нови грешки. Прави спектакуларни, неверојатни грешки. Прави грешки што никој претходно не ги направил. Не скаменувај се, не запирај, не грижи се дека тоа не е доволно добро, или дека не е совршено, што и да е тоа: уметност, љубов, работа, семејство или живот.

Што и да е тоа што те плаши да го направиш – направи го!
(На)прави ги своите грешки, оваа година и секогаш.


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново