ОРГАНИЗИРАЈ СЕ. ОРГАНИЗИРАЈ СЀ.

ОРГАНИЗИРАЈ СЕ. ОРГАНИЗИРАЈ СЀ.

За да постигнеш подобар распоред на идеите и обврските, речиси секогаш ти треба добар потсетник или практична алатка за организација.    

Некогаш едноставно само сакаш да запишеш идеја што ти дошла на зум-состанокот. Некогаш мораш да забележиш точно кое време е онлајн предавањето за да се вклучиш. Децата немаат точно утврден распоред? Има начин како да им се обезбеди максимум фокус. Со концептите на ПланУМ имате одлична можност да го унапредите својот живот, да се инспирирате од сопствените идеи и да ги развиете до конечно заокружување и реализација.

Овие креативни, корисни, одлично спакувани нотеси – планери се корисни за секој член од семејството. Во моменти кога сите сме дома и секој треба да се посвети на своите работни или училишни обврски, Планумите се одлична станица за потсетување и реализација. Нивната разноликост е токму она што ви треба. Динамичен начин на организирање, за различни умови и пристапи. И секогаш со стремеж кон остварување на планираното – споделена идеја или едноставно запишан важен датум на кој ќе честитате нечиј роденден или годишнина. Или ќе развиете некоја бизнис-зделка. Или ќе запишете добра мисла. Евентуално цртеж инспириран од градски графити. Или ќе заокружите календарски денови за испланирана релаксација, кога конечно ќе отидете на планина.

ПланУМ про е создаден за моќна професионална реализација. Тој е „личен тренер“ кој ќе ве води низ структуиран процес на себенадградба, индивидуално решение за сите храбри и ентузијастични корпоративци, претприемачи, професионалци кои имаат амбиција за успех. Едноставно мора да го имате!

ПланУМ поука, пак, ќе ви биде потсетник за убавите нешта во животот. Креативните мисли и инспиративни приказни од светот се дел од ова издание кое чека вашите идеи да бидат запишани и остварени. Неодоливо син и дизајниран за големи сонувачи.

ПланУМ приказна е наменет за учениците кои сега се соочуваат со поинаков тек на школските обврски. Со него ќе постигнете вистинско и прегледно уредување на интересите, часовите и задачите. Со техники од детската психологија, овој Планум е личен асистент кон одговорност и исполнителност на младиот ум.

ПланУМ минимум се џебните ведри нотеси кои одговараат на двете страни од нашиот ум – креативноста и аналитичноста во заеднички спој. Концептот на лева и десна хемисфера, или ПланУМ креативности ПланУМ продуктивност, се мини инспирација за максимум реализација. Слободен ритам наспроти софистицирана логика, во синергија на идеи. Совршени се за секојдневно пополнување и како подарок.

Планумите се тука за вас, да ви ја насочат мислата и да ве охрабрат дека можете да организирате сè што сте наумиле. Со нив, планот не е само запишан импулс или анализирана мисла, туку е начин да се инспирирате да постигнете повеќе. 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново