ЖЕНСКО ПИСМО НА НЕДЕЛАТА

 

Жените читаат, жените пишуваат, жените создаваат. Жените пренесуваат приказни, од едно на друго поколение, бабите се извор на раскажувањата, јазикот на кој ги кажуваме првите зборови се нарекува – мајчин јазик.

Јазикот, мислата и смислата ѝ се дадени на жената како најсилно оружје со кое таа ги води личните, светските, иманентните и оние невидливите борби. Кога жената сака да напише песна, ништо не ја сопира. Кога ќе намисли да напише роман, тој е веќе напишан! Токму во знакот на женското писмо, месецов промовираме многу наслови од жени кои, случајно или не, на страниците на своите книги длабоко и со емпатија ги анализираат и суштински ни ги пренесуваат ликовите, давајќи им ексклузивна можност да допрат до нас. Низ романите, новелите, книгите за самопомош, поетските збирки, со богати и питорескни претстави за животот, жената ги прегрнува и во голема мера ги ресоздава сопствените видувања за светот. Таа штедро и непосредно ги „истура“ сопствените емоции и мудрост во неколку насоки – кон себеси, кон светот, кон читателите.


Зар не е феноменално да се биде жена во книжевноста, но и да се пишува за жената?

Наш предлог за авторка и дело на неделата е прекрасниот роман на Елиф Шафак „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“, кој им го посветува: „На жените од Истанбул, и на самиот град, кој е и отсекогаш бил женски град“.

Овој роман го води еден мошне интересен лик кој раскажува од позиција на човек кој го нема, или барем ние живите го доживуваме како нем, непостоен, мртов, додека тој лик енергично ни го (пре)раскажува животот, токму од уличките на Истанбул.

За да го заскокоткаме вашето љубопитство и да ве инспирираме да ја прочитате оваа исклучителна книга, ви даваме кус увод во неа:

„Леила мечтаеше еден ден да стане позната танчарка на чочек. Татко ѝ би се згнасил од таа нејзина фантазија, да знаеше колку темелно ги имаше осмислено деталите: светкавите пулејки, здолништето од парички, тропкањето со чинелите на прстите; тресењето и мрдањето со колковите на ритамот од тарабуката; шармирањето на публиката која полека ќе го засили темпото на плескање; вртењето и извивањето на телото сè до возбудливото финале…

 

Само затоа што си мислиш дека е безбедно овде, не значи дека ова е вистинското место за тебе. Понекогаш се чуствуваш најбезведно онаму каде што најмалку припагаш.

 

 

 

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Напиши коментар *

Име *