За проектот

Овој наш проект вклучува превод на десет исклучителни дела од десет европски земји на македонски јазик. Предложените книги се стилски и жанровски различни и се обраќаат до широка и хетерогена публика, но заедничката нишка што ги поврзува е темата на семејниот живот и неговото влијание врз современиот европски идентитет.

Книги

Ви претставуваме десет исклучителни дела од десет европски земји. Сите наслови имаат особено високи естетски вредности и докажан литературен квалитет и се карактеризираат со тематска, стилска и наративна разновидност – збирки раскази, драми и литература за деца и млади.

Автори

Проектот му нуди на читателот избор од современи дела на наградувани и реномирани автори, чиј висок квалитет е потврден со многуте награди, меѓу кои петмина се добитници на Наградата за литература на Европската Унија. Повеќето од нив потекнуваат од земји чии јазици ретко се преведуваат на македонски.

Преведувачи

Како што е наведено и во нивните биографии станува збор за професионални и реномирани преведувачи чие искуство зборува за нивниот континуиран професионален развој и за нивната исклучително богата библиографија. Повеќето од нив се добитници на значајни национални и меѓународни награди за својата работа.

Актуелности

„Нема, и нека не ни има“ – уште еден добитник на наградата за литература на Европската Унија

  „Нема, и нека не ни има“, второто прозно дело на унгарската авторка Едина Сворен, е збирка раскази кои ј

Прочитај повеќе

„Нема, и нека не ни има“ е книга за вистински читатели – Златко Панзов

Будимпешта е град палимпсест, пластови историја исплеткана со необични човечки судбини. Една обична средб

Прочитај повеќе

Излезе „Да купиме поет“ – првата книга од новата едиција Европски приказни

Во едно замислено општество материјализмот ги контролира сите аспекти од животот. Луѓето имаат бројки место

Прочитај повеќе