За проектот

Овој наш проект вклучува превод на десет исклучителни дела од десет европски земји на македонски јазик. Предложените книги се стилски и жанровски различни и се обраќаат до широка и хетерогена публика, но заедничката нишка што ги поврзува е темата на семејниот живот и неговото влијание врз современиот европски идентитет.

Книги

Ви претставуваме десет исклучителни дела од десет европски земји. Сите наслови имаат особено високи естетски вредности и докажан литературен квалитет и се карактеризираат со тематска, стилска и наративна разновидност – збирки раскази, драми и литература за деца и млади.

Автори

Проектот му нуди на читателот избор од современи дела на наградувани и реномирани автори, чиј висок квалитет е потврден со многуте награди, меѓу кои петмина се добитници на Наградата за литература на Европската Унија. Повеќето од нив потекнуваат од земји чии јазици ретко се преведуваат на македонски.

Преведувачи

Како што е наведено и во нивните биографии станува збор за професионални и реномирани преведувачи чие искуство зборува за нивниот континуиран професионален развој и за нивната исклучително богата библиографија. Повеќето од нив се добитници на значајни национални и меѓународни награди за својата работа.

Актуелности

Роман за Медитеранот околу нас и бесконечноста во нас- Душко Крстевски за „Островот Крах“

Веќе десетина години активно преведувам од бугарски јазик. Сум превел разноразни романи и збирки раскази.

Прочитај повеќе

Поезијата многу нè боли – За делото „Да купиме еден поет“

Поезијата многу нè боли Следниот ден и следниот ден и следниот ден, впрочем, сите дни, татко ми му викаше н

Прочитај повеќе

„НА УЧИЛИШТЕ“ – ДА КУПИМЕ ПОЕТ (Афонсо Круш)

НА УЧИЛИШТЕ На училиште, кога им реков на моите соученички дека неодамна купив поет, се појави извесна зав

Прочитај повеќе