За проектот

Овој наш проект вклучува превод на десет исклучителни дела од десет европски земји на македонски јазик. Предложените книги се стилски и жанровски различни и се обраќаат до широка и хетерогена публика, но заедничката нишка што ги поврзува е темата на семејниот живот и неговото влијание врз современиот европски идентитет.

Книги

Ви претставуваме десет исклучителни дела од десет европски земји. Сите наслови имаат особено високи естетски вредности и докажан литературен квалитет и се карактеризираат со тематска, стилска и наративна разновидност – збирки раскази, драми и литература за деца и млади.

Автори

Проектот му нуди на читателот избор од современи дела на наградувани и реномирани автори, чиј висок квалитет е потврден со многуте награди, меѓу кои петмина се добитници на Наградата за литература на Европската Унија. Повеќето од нив потекнуваат од земји чии јазици ретко се преведуваат на македонски.

Преведувачи

Како што е наведено и во нивните биографии станува збор за професионални и реномирани преведувачи чие искуство зборува за нивниот континуиран професионален развој и за нивната исклучително богата библиографија. Повеќето од нив се добитници на значајни национални и меѓународни награди за својата работа.

Актуелности

НАСКОРО: „21 лекција за 21 век“ од Јувал Ноа Харари

  Кога ќе се спомене Јувал Ноа Харари, веднаш знаеме дека се работи за еден од водечките интелектуалци н

Прочитај повеќе

КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ: „ЉУБЉАНСКИ ИЗЛОЗИ“ – Лидија Димковска

  Топло априлско саботно претпладне: првото во кое решивме со Алеш да отидеме до центарот на Љубљана от

Прочитај повеќе

КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ: „ДВАЈЦАТА В ЧАМЕЦ, А ЗА ПЕСОТ И ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ“ – Јагода Михајловска-Георгиева

    Садгуру: Ова не е време за смеење, ама ако ја изгубите смеата, вирусот нема да си замине. Ако стане

Прочитај повеќе