За проектот

Овој наш проект вклучува превод на десет исклучителни дела од десет европски земји на македонски јазик. Предложените книги се стилски и жанровски различни и се обраќаат до широка и хетерогена публика, но заедничката нишка што ги поврзува е темата на семејниот живот и неговото влијание врз современиот европски идентитет.

Книги

Ви претставуваме десет исклучителни дела од десет европски земји. Сите наслови имаат особено високи естетски вредности и докажан литературен квалитет и се карактеризираат со тематска, стилска и наративна разновидност – збирки раскази, драми и литература за деца и млади.

Автори

Проектот му нуди на читателот избор од современи дела на наградувани и реномирани автори, чиј висок квалитет е потврден со многуте награди, меѓу кои петмина се добитници на Наградата за литература на Европската Унија. Повеќето од нив потекнуваат од земји чии јазици ретко се преведуваат на македонски.

Преведувачи

Како што е наведено и во нивните биографии станува збор за професионални и реномирани преведувачи чие искуство зборува за нивниот континуиран професионален развој и за нивната исклучително богата библиографија. Повеќето од нив се добитници на значајни национални и меѓународни награди за својата работа.

Актуелности

Венко Андоновски: Главната битка на денешниот човек е битка за повеќе време

„И наместо луѓето да го забават времето, тие со сите сили го забрзуваат – социјалните мрежи и визуелната

Прочитај повеќе

Мери Кицовска: Сакав на најдобар начин да ја пренесам фантазијата на Хилдур Кнутсдотир, авторка на романот „Зимски распуст“

Исландската авторска Хилдур Кнутсдотир, добитник на Исландската книжевна награда и Награда за најдобра кн

Прочитај повеќе

Интервју со Наташа Сарџоска: Преведувачот е другиот јазик на писателот, а тоа е нешто магично, чудесно

„Лисабон е мистичен град. Има нешто што не го разбирате, а кое силно ве влече. Кога ќе зачекорите по улиците

Прочитај повеќе