Читатели внимавајте, оваа приказна е само за храбрите!

01.12.2018

„Стаклените деца“ на шведската авторка Кристина Улсон е неверојатна приказна за опседната куќа. Морничави звуци и светилки што се нишаат е сликата што ја пречекува Били во новиот дом во кој се преселува со својата мајка по смртта на татко и.  Таа има силно претчувство дека куќата не ги сака таму. Несвесна за ужасите што ја заплашуваат Били, нејзината мајка не им обраќа внимание на предупредувањата дека треба да заминат. Но Били е решена да најде доказ за да ја убеди мајка си за опасностите и со помош од пријателите зборува со локалните жители и истражува во библиотеката за историјата на куќата. Така ја открива мистеријата за стаклените деца кои некогаш живееле таму.  Хероињата на „Стаклените деца“ ги пренесува читателите од страшното и реалистично искуство во бездната на човековата душа. Моќта на приказната е во доверливиот заговор.  Наскоро дознајте како Били ќе ја реши мистеријата.