„Слики од животот на М.“ - книгата која ќе ве поттикне да размислувате за семејните врски и домот

01.12.2018

„Слики од животот на М.“ од Светлана Жухова, добитник на наградата за книжевност на ЕУ во 2015 година, ја опишува потрагата по сопственото место во светот на младата Словакинка Марисија, која работи во Виена, додека се соочува со неизлечливата болест на мајка си. А како што често се случува домот не е местото туку луѓето што го сочинуваат. Авторката ја сместува приказната во десет поглавја опишувајќи ги чувствата на многу млади жени од мали семејства што го бараат она што го изгубиле. Преку својот лик, Светлана Жухова му ги претставува на читателот секојдневните предизвици на младите во современото европско општество. Романот е една голема психолошка приказна за опстојувањето во целосно обичниот живот, приказна која не изобилува со драматични пресврти, а сепак го привлекува читателот. Наскоро очекувајте ја книгата која ќе ве поттикне да размислувате за семејните врски и домот, како и нивното значење и бесмисленост.