„Да купиме поет“ - романот кој вреди да се чита и препрочитува

01.10.2018

Добитникот на Европската награда за литература, Афонсо Круш во својот фасцинантен роман го воведува младиот читател во универзумот на поезијата. „Да купиме поет“ е книга за метафората на материјализмот наспроти креативниот и културниот капацитет на човекот.  Афонсо Круш ни раскажува приказна за важноста на поезијата, креативноста и културата во нашите животи и вредноста на поезијата. Ова е приказна што ги истражува важните работи во животот преку очите на младиот лик со помош на нејзиното милениче, поетот. Низ овој роман, наменет и за младите и за возрасните,  Круш сака да ја открие прекумерната важност што во моментов им се дава на економските и на финансиските прашања, поголемиот дел од времето на штета на обичните луѓе, како и на постојаното исклучување со кое културната сцена постојано се соочува. Во современото општество во кое живееме, Да купиме поет праќа многу важна порака која нè потсетува на важноста на културата, уметноста и хуманизмот