„Островот Крах“ на Ина В‘лчанова и копнежот да бидеш слободен – НАСКОРО

10.01.2019

              Што е „крах“ и дали воопшто постои такво нешто? И што е „успех“ или „победа“? „Островот Крах“ не е мрачен роман, не дозволувајте да ве поведе насловот. Се надевам дури и дека успеав да го направам малку смешен. Во него се раскажува за желбата да го контролираш светот и за копнежот да бидеш слободен. Но и за онаа необична работа што ја нарекуваме „судбина“. А патот на судбината секогаш крие извесна иронија. Во „Островот Крах“ се зборува за две жени кои раскажуваат. Секоја од нив го знае само својот дел од приказната и одделните парчиња треба да се редат како сложувалка. Се раскажува за личните светови во кои живееме – колку тие се разликуваат еден од друг и колку се слични. Се раскажува за жени и мажи, за деца и за мачки. Се раскажува за еден остров. Се раскажува за хороскопските знаци и за големата  добивка од лото. Но не се раскажува за крах. – Ина В’лчанова