Наскоро прочитајте ја извонредната приказна за современото унгарско општество

01.10.2018

    Од авторката чиј стил го споредуваат со аналитичната проза на Петер Надаш и апсурдноста на Петер Хајноши, ни доаѓа уште едно извонредно дело Нема и нека нема. Во унгарската проза, Едина Сворен се смета за еден од најдобрите автори во последниве години. Нејзиниот измислен свет се карактеризира со неверојатен хумор, откривајќи драматични моменти во секојдневните човекови односи.  Нема и нека не ма, ќе го убеди читателот дека Сворен е зрела авторка со уникатен стил за раскажување приказни. Семејството кое е централната тема стои цврсто во средината на тие приказни, разоткривајќи ја секојдневната драма на сложените лични врски. Наскоро прочитајте за современото унгарско општество и секојдневниот живот во Будимпешта.