КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ: „ИЗОЛАЦИЈА. ДЕН 23. СНЕГ ВО АПРИЛ“ – Ѕвездан Георгиевски

 

 

ИЗОЛАЦИЈА. ДЕН 23. СНЕГ ВО АПРИЛ

 

23-ти ден. Изолација. Сам. Цигари уште за еден месец. Пиво уште за две недели. Манџа од компири уште за четири дена. Леб уште за една недела. Лекови за две недели. Детергент и сапун во доволни количества. Прецизно набројува во нотесот. Се мисли дали да додаде уште нешто. Некои наполитанки, можеби? Или сладолед? Авионски билет за Тахити? Сам се насмевнува на својата досетка. Го кине ливчето од нотесот. Селотејпот го сече на четири еднакви парчиња. Треба да го залепи ливчето на прозорецот од викендичката. Идриз од селото ќе помине утре и ќе види што му треба. За неколку дена ќе му донесе и повеќе од она што му треба. И ќе ги остави кесите пред врата. Да му напише ли место бурек да му донесе алва? Тој бурекот со сирење низ нос му излезе. А никогаш не го побарал. Не! Нека донесе и бурек, ако веќе толку му е мерак.

Никогаш не ја сакал викендичката на неговите родители во Добар Дол. Не можеше ни да сонува дека ќе остане тука, во куќен притвор можеби до крајот на неговиот кревок живот. (Или подобро е да каже: викендашки притвор.)

Ја раскрева масата. Ја дезинфицира површината. Ја вади чинијата и тенџерето со компир-манџата. И одеднаш помислува дека е среќен човек. Не мора да седи во оние групни карантини со еден клозет. Не мора да го слуша Идриз со неговите исти и стопати повторени шеги. Не мора ни жена му да ја слуша со нејзините вечни префрлања. (Всушност, неа мора да ја слуша, бидејќи му се јавува двапати дневно на телефон и зборува, зборува, зборува… Ама тоа, сепак, е поинаку отколку „во живо“.) Да, добро е што му одредија изолација во викендичката. Планина е ова. Чист воздух, а сепак далеку од луѓето.

Му застудува. Не знае ни дали во викендичката има останато некои негови стари потопли алишта, некаква јакна или нешто слично. Знаеше дека кога дома се расчистуваше, старите алишта, оние што не беа целосно уништени, се носеа тука, во викендичката. „Ќе им се најдат на твоите“, велеше жена му. Тој секогаш мислеше дека им служат за огрев, иако, ако сака да биде искрен, го има видено татко му во негови џемпери за кои и не знаеше дека се осудени на фрлање.

Го отвори плакарот и го виде своето зелено, дречливо сако. Неговото сако од гимназиските денови. Тоа е она сако што толку го сакаше, додека сите се потсмеваа со него кога го носеше. Она сако што секогаш му беше за број помало, па лактите речиси му излегуваа од ракавите, а должината одвај му достигаше до половината. Она сако што имаше чудно испакнати потполнки на рамената и капаци на џебовите како уши од зајак. Го купи на старо од еден другар. Веројатно и нему му се смееле кога го носел, па вака успеал и да ќари некоја паричка. Се изненади кога виде. Беше убеден дека мајка му го фрлила уште пред да ја заврши гимназијата.

Погледна повнимателно во плакарот и не виде ништо друго освен темнина и – зеленото сако. А што ќе види друго? Зелената боја на сакото дречеше, просто врескаше затскривајќи ја сета содржина на непроветрениот плакар.

Ја пружи раката да го земе, но или погрешно процени или му се стори како сакото да се оддалечува од него. Не успеа да го дофати. Ја пружи раката подалеку кон сакото, но сакото упорно му се оттргнуваше. Со едната нога влезе во плакарот. И пак ништо. Целиот влезе во плакарот. Сакото повторно му се оддалечи.

Остана да стои мирно во плакарот. Речиси и не дишеше. Се обиде да ги привикне очите на темнината што го опкружуваше. Бадијала, сакото блескаше во неговиот поглед. Стоеше така мирно неколку секунди, можеби минути и часови, а можеби и цела вечност. Тогаш, во некој неодреден миг, нагло рипна и го дофати сакото за ракав.

Нема збор што ќе го опише неговото чувство од она што го доживеа тој миг. Цврсто го држеше ракавот, но сакото сепак се оддалечуваше. Му се стори дека лета во далечините на темниот плакар. А ракавот во неговата рака само се оддолжуваше. Се развлекуваше и се продолжуваше.

Сега веќе се претвори во зелена, тревната патека. Со цвеќиња и пеперутки. Со пчели и трња. Со скакулци и кал. Со птици што летаат над неа. Со облаци што навестуваат снег. И со сонце што им се инаети. А сакото е веќе голема зелена полјана во далечината. Низ неа трчаат зајачиња со уши како капаци од џебови. Потполнките се претворија во две планини што ја граничат зелената полјана. Оддалеку се гледа и крдото диви коњи што слободно трча по дивината.

Можеше да се заколне дека го слуша звукот на хармониката на Мариета. Мариета, бре! Мариета, тоа девојче што учеше со него во првата гимназиска година. Тоа девојче со руса коса, обликувана во машка фризура. Со очи небесно сини во кои секогаш пропаѓаше. Очи полни со надеж, а преплавени од тага. Тогаш му се чинеше, а сега со сигурност знае, тоновите од нејзината хармоника беа најубавиот звук што некогаш го чул.

Почна да трча по зелената патека. Се гребеше од трњето, го касаа пчелите, пеперутките бегаа од него, сонцето го грееше… Трчаше кон зелената долина и кон волшебниот звук. Крај него трчаа зајаци и коњи. Којотите завиваа. Трчаше без прекин. Се задишуваше, ама не чувствуваше умор. Беше насмеан и испотен. Срцето му чукаше забрзано. Долината трчаше пред него. Но, ене ја Мариета. Свири на својата хармоника. Седната во цвеќињата, со цвет во косата. Иста како што ја памети.

Тој трча уште побргу. И побргу. Му се мати погледот пред зеленилото. Темнеат облаците над него. Се сопнува и паѓа. Ги склопува очите. Уморен е и му се спие. Му се спие…

Прво што виде кога ги отвори очите беше затворената врата од плакарот над него. Веројатно се удрил од вратата. Можеби се онесвестил онака од малаксаност? Можеби само заспал? Можеби е од болеста? Од самотијата?

До него лежи лист хартија од неговиот нотес. Внимателно чита. „Цигари уште за еден месец. Пиво уште за две недели. Манџа од компири уште за четири дена. Леб уште за една недела. Лекови за две недели. Детергент и сапун во доволни количества.“ Го зема хемискиот молив и допишува: „џемпер“. Идриз и онака ќе му купи бурек со сирење.

Со селотејп го лепи ливчето на прозорецот и немо гледа како паѓа снег. Среде април. А оддалеку се слушаат милозвучни тонови од хармоника.

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

hotline резинки для фитнеса резинки длоя фитнеса фитнес резинка поштучно киев fitband резинки для фитнеса заказать фитнес резинку фитнес резинка грн Ⅿy blog post:фитнес резинки сколько кг в каждой (https://project1009827.turbo.site/)

Lesli

I really like it when folks get together and share thoughts. Great website, keep it up!| http://effective-mortgage.net/__media__/js/netsoltrademark.php?d=giniloh.com

Rima Rozeboom

I used to be able to find good advice from your content. http://www.sammygirl.com/__media__/js/netsoltrademark.php?d=giniloh.com

Gail Gendernalik

Cristen is the name my dad and mother gave me and I really like it. Years ago we moved to Louisiana. To play hockey is something my spouse doesn't actually like but I do. My day career is an business workplace clerk and it's one point I truly delight in. http://respuestas.acomprar.info/index.php?qa=user&qa_1=crimedust14

Esteban Chalfin

Pleased to fulfill you! My title is Loreta. I am really fond of doing interior style but I don't have the time currently. California is exactly in which my household is and I don't system on shifting it. My day job is an workplace clerk and it's a thing I really enjoy. https://www.fanfiction.net/u/13512671/

Shelton Czubakowski

Напиши коментар *

Име *