КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ: „АКО НЕКОГАШ СÈ УШТЕ ПОСТОИ “ – Евгениј Хоуп

 

Ме жегна тапа болка во стапалото. Пред да се свестам што се случува, во моментот кога најмногу бев внесен во музиката, ми испаднаа слушалките од ушите и потскокнав. Клекнав на теписонот со автомобилски патеки, кој на времето стоеше во мојата детска соба во Куманово. Од подот кренав пластичен каубоец, со излупена боја и скршено копје. Дел од збирката играчки што ги добив за мојот седми роденден од баба и дедо. Вчеравечер во истава соба ја разгледував кутијата од патики со секакви играчки и дреболии. Веројатно овој мангуп нашол начин да му избега на заборавот. Макар накратко.

Наметнувајќи ги пластичните влечки, излегов на балконот. Задоволен што, после долги натегања, најпосле го дочекав изгрејсонцето. Го гледав со огромна возбуда, заигран на техномузиката. Како некогаш, да речеме како пред три месеци кога живеев во Франција, на релацијата Париз – Лил. Не ми претставуваше проблем да минувам по 200 километри во еден правец со автобус на неколку дена. Кога ќе запознаеш кул друштво и луѓе по свој терк, мислиш дека светот тебе ти служи. Иако знаев дека сето тоа е минливо, сакав доживувањата да ги исцедам  до последната капка. Веројатно поради настанатата ситуација, во просторите на моето сеќавање почнав да насетувам маглина. Остар скалпел ги сечкаше спомените на ситни парчиња, па почнав да се сомневам во сè. Скептичен станав и кон искуствата што ме градеа со години. Сега сум во дилема дали да ги сметам за свои доживувања или за туѓи. Како и да е, тоа утро одвај да наслушував нешто во себе.

Мора да признаам дека на почетокот негодував. Договорот за новото работно место со супер плата остана непотпишан, идејата за преселбата во Скопје се повлече, предвиденото патување на Занзибар се смести во некое идно време. Тука беа и долгоочекуваните посети на пријатели во Лил и Брисел што требаше да ги остварам во текот на април и мај, музичките фестивали и концерти, на кои бев убеден дека сосема ќе откачам… Првите две-три недели ми беше криво, жив ќе се изедев. Како и да е, знаев дека морам да се помирам со реалноста. Со целиот свет ја делев истата приказна. Што друго можев да сторам?

Набрзина се измив со водата од селскиот бунар, ги навлеков лилјаковите чорапи со апликации од Симсонови кои ги носев последната вечер во Лил, пред да се вратам во Македонија. Намачкав кришка хумус. Од фрижидерот го извадив шишето со лимонада и пред да го нарамам ранчето на грб, проверив дали понесов сè со себе.

Сакав да му дадам поинаков облик на денот. Откако животното темпо ми се смени, почесто почнав да доаѓам на семејната викендичка во Јачинце. Не дека некогаш престанав. Тука го поминав најголемиот дел од детството. Нормално е за ова место да ме врзуваат еден куп спомени, а во мигови на самотија ме фаќа и носталгија за нив. Не можам да поверувам дека пред две недели засадив цела парцела со јагоди, ја изорав нивата за садење краставици, домати и пиперки. Го искорнав сиот пиреј, а два-трипати бев да му помогнам на вујко ми да ги измолзе овци. Ако го ставам тоа настрана, најчудно ми беше што почнав да се присетувам на приказните што баба и дедо ми ги раскажуваа кога бев дете. Љубопитност. Страхопочит. И соочување со сопствената храброст. Тие ми се асоцијациите на тоа дамнешно време.

Некни, додека пренесував со количка трупци од едниот до другиот крај на дворот, се сетив на приказната за старецот кој зборувал со духови мислејќи дека се  живи луѓе. Од никаде ми изнурна и сказната за двете сестри кои живееле високо на планината и надмуриле некој вампир, кој се спржил на изгрејсонце. Оттука некаде се присетив и на приказната за самовилата Лиле. Проколната, со својот глас ги мамела селаните, кои се давеле во базенот за наводнување на нивите. Е, токму таму се упатив тој ден.

Базенот не беше далеку од викендичката. Слушав секакви легенди за местото, а никогаш го немав посетено. Претпоставував дека за половина час ќе стигнам до него. Тргнав, како и по обичај, сам. Заинтересиран да видам на што ќе налетам. Ја поминав некогашната пруга која водеше до Бугарија, и штом се искачив по една стрмнина, ја насетив сопствената пот. Без никакви дезодоранси и парфеми. Ја сретнав и тетка Убавка, жената што пред една недела ја ѕвездосав на истото место. Помислила дека сум некој залутан емигрант. Им раскажала на сите селани, ме опишала како некое застрашувачко битие, сè додека Славица не ѝ пререкла дека тоа не е никаков бегалец, туку  Мартин, син на Мирко и Марица. Внук на Донча.

Моите стапки, а посебно музиката што ечеше од блутут звучникот, ја уништуваше тишината. Тажна на моменти. Минав покрај полиња со жито. Раззеленети и пространи. Ме потсетуваа на слобода, она што ми недостигаше. За време на целото пешачење го гледав базенот. Од минута во минута стануваше сѐ поголем. Заземаше добар дел од ридот што се извишуваше пред мене. Кога се искачив по металните скали, се соочив со амбисовидното дно. Небаре портите на пеколот се наоѓаат тука.

Тоа утро се почувствував како да сум дел од раскажаната приказна. Некоја поинаква верзија. Само што немаше абер од Лиле. Наместо да бев повикан од некаков сопрано глас, сличен на оној на Флор Јансен, јас – побуден од дамнешни сеќавања – сам се довлечкав тука. Морав да се спуштам во базенот. Веројатно од таа перспектива можев да се соочам со самовилата. Ќе излажам ако не признаам дека бев исплашен додека се спуштав по металните прачки, заварени на конструкцијата. Тој беше единствениот начин да се стигне долу, така што немав друг излез. Никакви драми не се случија, жив и здрав се приземјив. Имаше ехо, та како некое детиште скокав и уживав во звукот. Самото опкружување, сите движења и мисли беа како некогаш. Знаев дека Лиле нема да се појави, веројатно затоа што не носев маска и ракавици, па тоа дополнително ја плашеше. Од ранецот го извлеков звучникот и почнав да играм. Бос. Сега јас бев тој што сакаше да ја привлече проколнатата самовила.

Се вратив во викендичката по три часа. Ништо необично не се случи. Освен што добив мали изгореници на лицето од пролетното сонце и што се издраскав од некакви трње. Вечерта, некаде после полноќ, направив пауза од читање и излегов на балконот да земам здив со овошен јогурт в рака. Гледав во ѕвездената патека свиркајќи си, кога одеднаш снема струја. Мрак. Прст пред око не се гледаше. Првото што ми падна на ум беше дека Лиле доаѓа по мене. Чекав очите да ми се навикнат на темницата, љубопитно ги озарив сите сетила, барајќи ја сопствената храброст. Како некогаш!

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Absolutely indited written content , regards for entropy. http://www.baystateonline.net/__media__/js/netsoltrademark.php?d=giniloh.com

Terrell Vanderhoof

lokking more uptdate http://www.stadiumshoes.com/__media__/js/netsoltrademark.php?d=giniloh.com

Monroe Pulte

That might not bode nicely for you if you like fast payouts. There is no doubt that pure luck does have a part to perform in the tale of gambling. There are a few really unusual things about this sport. https://aulasabiertas.congresos.unc.edu.ar/perfil/errorflute66

Dorie Soderstrom

They phone the writer Shonda though she doesn't actually like getting referred to as like that. What me and my relatives enjoy is to perform rock and roll and now I have time to just just take on new things. Texas is the location her residence is. Managing men and gals has been his profession for some time and his income has been actually satisfying. http://www.kellyandbuzz.sakura.ne.jp/skc/index.php?option=com_k2&view=itemlist&task=user&id=433927

Ned Barbuto

Cipro Buy Cialis Bentyl Dicyclomine In Internet Cialis Cialis Generic Overnight Shipping

Ownette

Напиши коментар *

Име *