8 корисни совети како да ги претвориш своите идеи во реалност

Во хаосот што им го приредува секојдневјето, луѓето честопати ги забораваат своите идеи и ги затураат ливчињата на кои запишале нешто важно, некаков план, процес, изведба која сакаат да ја остварат. Реалноста е дека времето ни е кратко, а списоците со направи ни се предолги.
Истражувањата покажуваат дека концептите како планирање, временски менаџмент, лидерство, создавање распоред, стануваат основни потребни вештини кои секој современ човек треба да ги поседува, но и да знае да ги користи во личниот и професионалниот живот.

Ви претставуваме неколку едноставни совети со кои можете да активирате многу од потенцијалите што ги поседувате.

 

1.БИДИ ОТВОРЕН.

Слушај внимателно, впивај, биди љубопитен. Не престанувај да учиш!

Секогаш носи си со себе бележник. ПланУм Креативност како џебно издание ти нуди огромен простор за ослободување инспирација и страници за нови, храбри и оригинални идеи.

 

 

2.ЗАПИШУВАЈ!

Буквално сè. Секоја интересна мисла, идеја, визија.

Само будалите паметат, нели? Некогаш можеш и да го нацрташ она што ти доаѓа. Зборовите не можат секогаш да ја опишат твојата визија.

3.ОД ИДЕЈА ДО ЈАСНА ЦЕЛ.

Идејата која има потенцијал да се разработи, пренеси ја во ПланУМ Продуктивност. Запиши ја во вид на цел.

Пример – сакам да научам нов јазик до крајот на годинава. Напиши ја омилената реченица на тој јазик во редовите на ПланУМот!

 

 

4.БИДИ КОНКРЕТЕН.

Постави си рок за оставарување на својата цел. Прашај се: КОЈ, КОГА, КОЛКУ и КАКО можат да влијаат врз нејзината реализација. Дефинирај сè, до најмал детаљ.

5.АКЦИСКИ ПЛАН.

Пренеси ги активностите како јасни чекори во неделниот план за наредниот месец или месеци.

6.СПОДЕЛИ.

Претстави му го својот план на еден свој човек од доверба. Така ќе чувствуваш поголема одговорност да истраеш на патот кон крајната реализација.

7.РЕВИДИРАЈ.

Планот не е врежан во камен. Повремено наврати му се и ревидирај го. Приспособи ги активностите во ритамот на брзите и непланирани промени. Денес животот е френетичен и темпото знае да умори. Застани и прочитај го гласно.

8.ПРЕПОРАЧАЈ ГО ОВОЈ ТЕКСТ на некој што би можел успешно да ги искористи овие совети. Некој креативен, аналитичен ум – некој кој со ПланУМ би можел да ја оствари својата цел!

 

Сите овие совети се поефикасни, а вие полесно ќе се снаоѓате во обврските, како на работа така и дома, ако ги запишувате. На тој начин не само што ќе бидете поорганизирани, туку и ќе имате сопствен креативен простор за изразување. ПланУМ е една таква интерактивна алатка со која може да ги развивате своите идеи, да ги откриете своите потенцијали, да се самоистражите и да постигнете согласност со својата креативна и аналитичка страна.

 

 

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Compra Levitra Controindicazioni Cialis Amoxicillin Resistance Children Cialis Comprar Viagra En Sevilla

Janbaissub

Напиши коментар *

Име *