Јана Мишева: Корицата треба да е визуелен вовед во книгата кој само ја навестува нејзината содржина, но не ја илустрира буквално

Вечерва, со почеток од 20 часот, во просториите на Јавна соба, започнува Фестивалот на европска литература „Европски приказни – приказни вредни за раскажување“. Фестивалот е посветен на оригиналната едиција книги која донесе дополнителна свежина на домашната книжевна сцена, во издание на Издавачки центар ТРИ. Фестивалот ќе трае до 27 септември и ќе биде отворен со изложба на сите графички решенија за објавените книги и запознавање со актуелните имиња од уметничко-дизајнерската сцена. Закажани се и гостувања на две големи авторски имиња со промоција на нивните дела: Афонсо Круш од Португалија, автор на романот „Да купиме поет“, и Калија Пападаки од Грција, авторка на романот „Снегулки“.

По повод вечерашнава изложба на дизајнерските решенија за корици на книгите од едицијата „Европски приказни“, разговараме со Јана Мишева, автор на корицата на романот „Џонатан Стрејнџ и господин Норел“ од Сузан Кларк.

Вечерва ќе имаме можност на едно место да ве запознаеме сите дизајнери што бевте вклучени во проектот „Европски приказни“. Секој уметник создава на свој начин, знаеме дека тука нема некое посебно правило. Јана, ја прочита ли книгата „Џонатан Стрејнџ и господин Норел“ пред да почнеш со дизајнирање на корицата или ѝ се препушти на својата интуиција да те води во креативниот процес?

Инспирација секако ми беше содржината на книгата, главните ликови Џонатан Стрејнџ и господин Норел, како и мистичниот Крал на гавраните, времето во кое се одвива дејството и атмосферата од тоа време. Типографскиот пристап во дизајнот на корицата сакав да потсетува на стар англиски испис, но сепак адаптиран за нашата публика во денешно време. Исписот на Џонатан Стрејнџ не случајно е покриен со црната боја на гавраните.

Имаш богата дизајнерска заднина со разновидни проекти, но каков предизвик ти претставуваше дизајнирањето корица за книга?

Отсекогаш имав желба да работам дизајн на корица. Сметам дека е мошне интересен проект, бидејќи како дизајнер треба да оставиш прв впечаток за книгата, корицата треба да е визуелен вовед во книгата кој само ја навестува нејзината содржина, но не ја илустрира буквално. Мислам дека корицата е успешна кога се задоволни и авторот на книгата од визуелната презентација на неговото дело и читателите, кои покрај сознанијата за содржината и тематиката на книгата, сакаат да дознаат повеќе после првиот впечаток добиен од нејзината корица.

Јана, кога веќе зборуваме за дизајнот, можеш ли да ни откриеш што е она што им го задржува вниманието на луѓето во денешно време?

Се надоврзувам на претходниот одговор – како што првиот впечаток е важен кај дизајнот на корица на книга во симболично претставување, но не и буквално илустрирање на нештата, тоа мислам дека важи за секој проект во кој дизајнерот треба да пренесе некаква порака, а тоа може да е и за книга, постер, лого, пакување… Медиумот е различен, но идејата секогаш треба да е јасна за сите, а во денешно време можеби и брзо видлива поради информациите со кои сме преплавени од сите страни како никогаш досега во историјата. Дизајнерот денес се бори со алгоритми по социјалните медиуми, со други зборови, како да добие поголемо внимание од луѓето, а времето ќе покаже дали влијателноста на тие социјални медиуми е пресудна за квалитетот на одреден уметник или дизајнер.

Можеби идеите не пресушуваат, но понекогаш е тешко да се дојде до оригинално решение. Кој е твојот извор на креативност?

Идеите произлегуваат од зададениот проект. Некогаш тоа е проект зададен од клиент, а некогаш е самоиницијативен проект, можеби најтешкиот и во исто време најубавиот проект во кој креативецот е сам свој клиент и публика. Мислам дека во тој случај идеите бараат медиум за да излезат на површина, дека се збир од сè што сме прочитале, искусиле, виделе… И секој збир од тие нешта е идеја која е посебна, како и искуството коешто го стекнуваме.

За крај, планираш ли да создадеш проект потпишан со твоето име?

Имам замислено многу планови и проекти за во иднина и сакам да ги реализирам во поскоро време. Би споменала дека најамбициозен проект ми е издавање на авторска илустрирана книга, за која би била отворена за соработка со мои колеги или писатели.

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Cialis Generika Aus Eu Cialis Achat Cialis Lilly Cialis Cialis In Spain

Ownette

Fa Male Comprare Propecia Cialis Pcn Allergy Vs Amoxil Buy Cialis Use Of Keflex For Dogs

Janbaissub

Achat Cytotec Sur Internet cheapest cialis Levitra Helps Premature Ejaculation Cialis Cialis Daily Test

Janbaissub

Finasteride Permixon Propecia Buy Cialis Prix Du Cialis 20 Mg Cialis Mail Order Isotretinoin Aurora

Stepkit

Que Es Cialis 20 http://buycialisuss.com - Cialis No Prescription Robaxin Buy Cialis Levitra Manufacturer

Lesagilia

Viagra Online Reditab http://cheapcialisir.com - Cialis Pharmacy Express cialis generic When Will Alli Be In Stores Again

StevAltese

Bentyl Medicine Mastercard Accepted With Free Shipping http://cheapcialisir.com - Buy Cialis Buy Cipro Overseas Buy Cialis Allergic To Penicillin Amoxicillin

Lesagilia

Canadian Viagra For Sale http://cialibuy.com/#537 - Cialis Tadarise Pro 20 Cialis Cephalexin Dosage For Cats

MatSearma

Напиши коментар *

Име *