Што ако луѓето повеќе немаат што да прават? – Бил Гејтс за „Хомо деус“

 

 

Што им дава значење на нашите животи? И што ако еден ден исчезне она што ни давало значење? Што ќе правиме тогаш?

Сè уште размислувам за овие тешки прашања откако ја завршив Хомо деус, новата провокативна книга на Јувал Ноа Харари.

Претходната книга на Харари, Сапиенс, многу ни се допадна мене и на Мелинда. Во неа Харари се обидува да објасни како нашиот род успеал да завладее со Земјата. Со недели откако ја прочитавме ни беше тема на разговор за време на вечерата. Затоа, кога излезе Хомо деус, веднаш купив еден примерок и ја понесов на одмор.

И мило ми е што го направив тоа. Неговата нова книга е исто толку предизвикувачка и лесно читлива колку и Сапиенс. Но наместо да се навраќа во минатото, Хомо деус фрла поглед кон иднината. Не се согласувам со сè што изнел авторот, меѓутоа морам да признаам дека изнел една промислена замисла што го чека човештвото во иднина.

Во Хомо деус авторот тврди дека принципите кои го организирале општеството ќе подлегнат на големи промени во 21 век, со огромни последици за животот на кој сме свикнале. Досега нештата кои го обликуваа нашето општество се некаква комбинација од религиозните правила како да се живее добар живот и од стремежите да се ослободи светот од болест, глад и војна. Луѓето се организирале за да ги задоволат основните човечки потреби: да бидеме среќни, здрави и да ја контролираме средината што нè опкружува. Оттука, Харари заклучува дека луѓето се стремат кон „блаженство, бесмртност и божественост.“

Што ќе се случи доколку навистина ги постигнеме овие нешта? Тоа не е наполно невозможно размислување. Војната и насилството се на најниско ниво досега и продолжуваат да се намалуваат. Напредокот во науката и технологијата ќе им овозможи на луѓето да живеат многу подолго и ќе има огромно влијание врз искоренување на болестите и гладот.

Но еве ја најпровокативната идеја на Харари: Без разлика колку добро и да звучи, остварувањето на сонот за блаженство, бесмртност и божественост би можело да биде лошо за човечката раса. Тој предвидува потенцијална иднина во која мал број елити ќе се надградат преку биотехнологијата и генетскиот инженеринг и ќе се претворат во божествените суштества од насловот на книгата, оставајќи маси луѓе зад себе; во која вештачката интелигенција ќе „нè познава подобро од нас самите“; и каде што овие божествени елити и суперинтелигентни роботи ќе го сметаат остатокот од човештвото за излишно.

Харари на одличен начин ни покажува како би можеле да стигнеме до таа страшна иднина. Но јас сум поголем оптимист од него дека не ни е предодредена таквата иднина.

 

Тој тврди дека напредокот на човештвото кон блаженство, бесмртност и божественост ќе биде нееднаков ‒ некои луѓе ќе летнат угоре, а многумина ќе останат на дното. Се согласувам дека со забрзувањето на иновациите нема сите да уживаат во придобивките. Приватниот пазар особено ги задоволува потребите на луѓето со пари и често знае да ги занемари потребите на сиромашните. Сепак, можеме да работиме на тоа да ја намалиме таа разлика и да го намалиме времето што е потребно да се распространат иновациите. На пример, порано беа потребни децении за спасоносните вакцини развиени во богатиот свет да стигнат до сиромашните. Сега ‒ благодарение на напорите на фармацевтските компании, фондациите и владите ‒ постојат случаи каде што времето за испорака е помало од една година. Треба да се потрудиме уште повеќе да ја намалиме разликата, но поголемата идеја е јасна: неправичноста не е неизбежна.

Освен тоа, според мене, сценариото дека роботите ќе надвладеат не е најинтересното сценарио за размислување. Вистина е дека, како што вештачката интелигенција станува сè помоќна, треба да се погрижиме да му служи на човештвото, а не обратно. Но ова претставува инженерски проблем. Нема што многу да се зборува за тоа, бидејќи таквата технологија сè уште не постои.

Мене повеќе ме интересира таканаречениот проблем со целта. Да претпоставиме дека контролата сè уште е во наши раце. Што ако ги решиме големите проблеми какви што се гладот и болестите и завладее мир во светот: тогаш која ќе биде целта на луѓето? Кои предизвици би биле инспирирани да ги решаваме?

Во оваа верзија од иднината, нашата најголема грижа нема да биде нападот од бунтовните роботи, туку недостигот од цел.

Што ако се обезбеди среќен, здрав живот за секое дете на Земјата? На кој начин тоа ќе ја смени улогата што родителите ја играат?

Размислувам на прашањево во однос на мојот живот. Моето семејство му дава цел на мојот живот ‒ да бидам добар сопруг, татко и пријател. Како и секој родител, сакам моите деца да имаат среќни, здрави и исполнети животи. Но што ако се обезбеди таков живот за секое дете на Земјата? На кој начин тоа ќе ја смени улогата што родителите ја играат?

Харари го објаснува проблемот со целта на најдобриот начин што досега сум го видел. А заслужува и пофалба што понудил решение. Вели дека за да најдеме нова цел, потребно е да развиеме нова религија ‒ да го користиме зборот во поширока смисла од повеќето луѓе, нешто како „организирање принципи кои ги насочуваат нашите животи“.

За жал, не бев задоволен од неговото решение. (Да бидам искрен, не сум задоволен ни од решенијата дадени од други големи мислители како Реј Курцваил и Ник Бостром или од моите лични решенија.) Во последниот дел на книгата Харари зборува за религија што ја нарекува датаизам, во која најголемото морално добро е да се зголеми протокот на информации. Вели дека датаизмот „нема ништо против човечките искуства“, туку „само мисли дека немаат суштинско значење“. Проблемот е што датаизмот, во суштина, не помага да се организираат животите на луѓето, затоа што не го зема предвид фактот дека луѓето засекогаш ќе имаат социјални потреби. Дури и во свет без војни, глад или болести, ние би го ценеле помагањето, комуницирањето и грижењето едни за други.

Но не дозволувајте незадоволителниот заклучок да ве разубеди да не ја прочитате Хомо деус. Книгата несомнено ќе ви го зграпчи вниманието со недобројните стимулирачки идеи и стилот на пишување. Ќе ве натера да размислувате за иднината, што во суштина претставува поинаков начин да размислувате за сегашноста. Ѝ ја препорачав на Мелинда. Ја чита додека го пишувам овој осврт. Одвај чекам да дискутираме за неа за време на вечерата.

 

 

Напишано од Бил Гејтс

22 мај 2017 година

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Asa And Cephalexin Cross Sensitivity http://cialibuy.com - Cialis Best Price On Generic Viagra Buy Cialis Cephalexin For Strep

KelSilt

Isotretinoin Delivered On Saturday Hawaii http://cialibuy.com - Cialis Generic Cialis For Sale Online Buy Cialis Buy Plavix In Canada

Lesagilia

Zithromax Medication http://cialibuy.com - Cialis Cephalexin Odor Cialis Amoxicillin 875 Mg Looks Like

MatSearma

Напиши коментар *

Име *