ТРИ прашања со…

 

Во пресрет на празникот на жената, на прашањата за рубриката „Три прашања со…“ одговара една од нашите најдобри писателки Јагода Михајловска-Георгиева, позната по своето возбудливо и храбро перо.

1. Авторка сте на книги за различна публика. Чие жедно око и мисла се поголем предизвик, детските или на возрасните?

– Oчите на децата се ширум отворени и секогаш гледаат директно во нас. Очите, пак, на возрасните најчесто го избегнуваат директниот поглед, како да стравуваат да не би да откријат нешто… Нешто… И едните и другите еднакво ми се предизвик. Детските затоа што без задршка се подготвени да го впијат она што сакам да им го соопштам, имаат отворен ум и бистра мисла. А пак возрасните ме предизвикуваат да се обидам да ги наведам макар за миг да погледнат од другата страна на ставовите, бариерите, предрасудите, забраните… Да им ја подоткријам зоната на Слободата.

2. Духовните патувања за вас значат…

– Духовните патувања се мој начин да стасам поблиску до себеси, а со самото тоа и до другите. Затоа што полесно ни е да го разбереме Другиот кога сфаќаме дека, колку подлабоко ќе отпатуваме во нас самите, толку појасно спознаваме дека во срцевината сме сите исти. Токму тоа спознание ме дарува со поголема животна радост, самодоверба и душевен мир. Токму тоа спознание ни дава широкоградост, емпатичност, способност да простуваме, порив да се заблагодаруваме.

3. Да можете да се опишете себеси со ТРИ збора, тие би биле?

– Ведрина. Решителност. Спокојство.

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Viagra Lowest Price Canada Cialis Buy Doxycycline For Horses Cialis Cheap Cod Only Macrobid Medicine Miami

Janbaissub

Напиши коментар *

Име *