ТРИ прашања со…

 

 

Во пресрет на промоцијата на книгата „Трчањето ме учи“ од Кокан Ајановски, ви ги доближуваме неговите перспективи во рубриката ТРИ прашања со…

„Трчањето ме учи“ е збирка приказни со кои авторот ја пренесува инспирацијата и љубовта кон трчањето, но и најважната сила која нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор – за да станеме подобри од она што веќе сме. Книгата е пристигната во книжарниците ТРИ, а ние ве очекуваме!

Промоцијата ќе се одржи на 24 февруари, во Јавна соба, со почеток од 19 часот.

1.Кога не трчаш, тогаш…

…размислувам за трчање 🙂 Мојот живот навистина се претвори во трчање, па кога не трчам јас, размислувам за трчањето на мојата екипа, за проектите поврзани со трчање, за мојата работа која е – погодувате – повторно поврзана со трчањето. Кога сум ги завршил дневните активности поврзани со трчањето, сакам да поминувам време со блиските драги луѓе, да читам книга, да гледам филм…

2.Напиша книга „Трчањето ме учи“… Што е поголем предизвик, да се трча или да се пишува?

За мене, во овој период од животот веројатно поголем предизвик беше да се пишува. Со трчањето интензивно се дружам веќе 12 години и сум искусил речиси сè на ова поле, а со пишувањето сум на нова територија што не ми е многу позната. Сите мои напишани текстови беа поврзани со трчањето и ги пишував најчесто по завршен тренинг. Сепак, навистина ми се допадна да напишам нешто и на тој начин да пренесам некоја порака.

3.Неостварена патека и патика?

Имам многу неостварени патеки и тука ја наоѓам убавината во трчањето. Сакам постојано да откривам нови патеки и нови места за трчање или да се радувам на веќе видените и истрчаните. Неостварен чифт патики дефинитивно ми се Nike патиките на Кипчоге со кои истрча маратон за помалку од 2 часа.

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Buy Strattera https://abcialisnews.com/ - buy online cialis Keflex And Alcohol Cialis Comprar Cialis En Estados Unidos

Diorype

Kamagra Phone Order Cialis Comprar Cialis Nos Estados Unidos Buy Cialis Cialis Potenzmittel Rezeptfrei Im Internet Bestellen

Janbaissub

Se Puede Tomar Alchol Con Septra Ds Cialis Amoxicillin Minocycline Cialis Discount Viagra Prescription

Stepkit

Напиши коментар *

Име *