Нил Гејман: Зошто го сакам романот „Џонатан Стрејнџ и господин Норел“

Нил Гејман се потсетува на својата прва средба со Сузан Кларк и на маѓепсаноста од нејзиниот фантастичен роман

Оваа наша приказна започнува во времето кога и јас самиот смислував и пишував приказни. Се преселив од Англија во САД во 1992 година и толку ми недостигаа пријателите што бев пресреќен кога ми стигна еден огромен плик од еден од нив, Колин Гринланд. Тој беше еден од првите луѓе со кои се сретнав десетина години порано, кога навлегов во светот на научната фантастика и фантазијата: малечок господин кој пишуваше одлични книги. Во пликот имаше писмо во кое објаснуваше дека на неговата работилница по пишување присуствувала една извонредна жена со голем талент и дека сака да прочитам нешто од неа. Ми имаше пратено дел од нејзината приказна.

Го прочитав и му пишав барајќи да ми прати повеќе.

Тоа малку ја изненади Сузан Кларк, која немаше поим дека Колин ми пратил извадок од „Дамите од Грејс Адју“. Но тоа ја охрабри да ми го прати остатокот од приказната. Ми се допадна буквално сè: содржината, магијата, извонредниот начин на кој ги срочува мислите, а бев особено воодушевен од информацијата што ја навела во мотивациското писмо дека пишува книга чие дејство се одвива во светот на бајките, која ќе се вика „Џонатан Стрејнџ и господин Норел“. Бев толку воодушевен што му ја пратив приказната на еден уредник што го познавам. Тој ја повика на состанок и побара да ѝ ја откупи приказната за една антологија што во моментот ја уредувал.

Бев возбуден што ќе ја запознаам Кларк. Судејќи според нејзините приказни што ги прочитав, очекував да сретнам повлечена личност затворена во некој свој свет, но пријатно се изненадив кога открив дека таа е остроумна, паметна жена, насмевната и духовита, која обожава да разговара за книги и писатели. Ме воодушеви што одлично ја разбира високата и ниската култура и што со леснотија се нурнува и во двете, не сметајќи ги (според моето мислење, правилно) за спротивставени страни што треба да се помират, туку за различни начини да се обработат исти идеи.

Во наредните години, кога луѓето ќе ме прашаа кои ми се омилени автори, секогаш ја споменував и Кларк, објаснувајќи дека има напишано само неколку кратки, но одлични раскази и дека во моментот работи на роман и дека еден ден светот ќе слушне за неа. А под светот подразбирав мал број луѓе, но оние кои се важни. Сметав дека делата на Кларк имаат префинет вкус кој би бил претерано невообичаен и чуден за пошироката јавност.

Во февруари 2004 година воедно се изненадив и се возбудив кога поштарот ми донесе готов, сè уште необјавен примерок од „Џонатан Стрејнџ и господин Норел“. Ги однесов ќерките на одмор на Кајманските Острови, па додека тие лудуваа и пливаа, јас бев стотици години и илјадници километри далеку, во Јорк, Лондон и во Европа, уживајќи неизмерно во прошетката низ зборовите и нештата што тие ги евоцираа. На крајот забележав дека кривулестите патеки и сокаци во приказната, заедно со фуснотите и елегантниот стил, се спојуваат во еден огромен пат по кој восхитено чекорев: 782 страници, а јас уживав до последната, па кога ја завршив книгата на драго срце ќе прочитав уште 782. Ми се допаѓаа нештата што ги имаше кажано и оние што ги немаше. Го обожавав намуртениот Норел и поспособниот Стрејнџ одошто изгледа на прв поглед, како и Џон Аскглес Рејвен Кинг, кој не е дел од насловот на книгата, но сепак е клучен лик. Ги обожавав споредните ликови, фуснотите, авторката.

За моите размисли во врска со книгата пишував во мојот онлајн дневник, а исто така ѝ напишав на уредничката на Сузан за да ѝ кажам дека, според моето мислење, ова е најдобрата книга од жанрот на англиската фантастика напишана во изминативе седумдесет години. Тој е роман во кој се спојуваат секојдневното и волшебното, во кој Самовилската земја и светот на луѓето не се толку подвоени колку што изгледаат, туку можеби се едноставно различни начини за срочување на истата идеја.

Имав право дека е одлична книга и дека на луѓето ќе им се допадне. Но немав право само за едно нешто: дека „Џонатан Стрејнџ и господин Норел“ ќе биде книга само за неколкумина ‒ дека ќе трогне само една ракатка луѓе кои, кога ќе се сретнат, ќе дискутираат за Арабела, Стивен Блек или Чајлдермас како што луѓето зборуваат за стари познајници, па на тој начин се создаваат пријателства меѓу непознати луѓе. Би рекол дека тоа навистина се оствари, меѓутоа луѓето не се само една ракатка, туку цела армија голема колку Велингтон, па и поголема. Книгата се претвори во реткост ‒ во прекрасна книга што ги наоѓа своите читатели низ светот, која ја обожаваат и наградуваат.

Преземено од „Гардијан“

 

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

Cheap Viagera In Usa Cheap canadian cialis Wirkung Viagra Lange Cialis Prednisolone Without A Prescription

Ownette

Direct Secure Stendra Discount No Script Needed Cialis Herbal Propecia Prescription Cialis Buy Propecia Dutasteride

Janbaissub

Donde Se Puede Comprar Viagra cialis Achat De Cialis En France Buy Cialis Macrobid

Janbaissub

Omeprazole And Amoxicillin And 2c19 http://apcialisle.com/# - Buy Cialis Comprar Remedio Levitra Buy Cialis Best Life Rx

StevAltese

Buy Xenical Orlistat 120mg http://apcialisle.com/# - generic cialis from india Nebenwirkungen Cialis Augen Buy Cialis Amoxicillin How To Buy

Lesagilia

Buy Roaccutane Online http://viacialisns.com/# - cialis prices Cheap Viagra For Sale Cialis Direct Secure Ordering Bentyl Saturday Delivery Kingston

MatSearma

Buying Isotretinoin http://ggenericcialisle.com - Cialis Propecia Engorda Caida Del Cabello Buy Cialis Overseas Drug

StevAltese

Precio Propecia 1 Mg http://viacialisns.com - Buy Cialis Cialis 48 Horas Buy Cialis Generic Name For Amoxil

Lesagilia

Order Tamoxifen Uk http://cialibuy.com - Buy Cialis Cheap Kamagra Soft Tabs cialis from canada Viagra Scaduto Conseguenze Mediche

MatSearma

Напиши коментар *

Име *