Интервју со Наташа Сарџоска: Преведувачот е другиот јазик на писателот, а тоа е нешто магично, чудесно

„Лисабон е мистичен град. Има нешто што не го разбирате, а кое силно ве влече. Кога ќе зачекорите по улиците по кои некогаш чекореле Луис Камоиш, Фернандо Песоа, Софија де Мело, Жозе Сарамаго, или ќе застанете на мостот Васко де Гама, во Алфама, на Мирадоуро Санта Катарина, кај базиликата Естрела или во замокот Сао Жорже, имате чувство дека преку Атлантскиот Океан ја допирате Америка, Јужна Америка, Бразил и дека во таа пулсација од светски култури, етноси, емоции, музики и знаење, сте и вие всушност дел од крвотокот на светот!“ споделува Наташа Сарџоска, поетеса и книжевен преведувач, во интервјуто по повод излегувањето од печат на романот „Да купиме поет“, во издание на Издавачки центар ТРИ.

Го преведовте романот за млади и возрасни „Да купиме поет“ од Афонсо Круш. Тоа е книга во која писателот ја демистифицира поезијата и секојдневните животни контексти во кои може да се најде човекот. Освен што имавте за цел книгата да ја преведете од португалски на македонски јазик, што остана впиено најмногу во вас од прочитаната, поточно преведената содржина?

Детскиот свет. Детскиот свет и моќта на детето да ги согледа вистинските страни на стварите, на луѓето, на светот. Моќта на детето да се доближи интуитивно кон човечките вредности, но и кон онтолошките слоеви на нашето постоење. Иако на нерационален начин, туку напротив на многу инстинктивен, односот на детето кон тие димензии е скапоцен, нежен, кроток, покорен и полн со очудувања и изненадувања. Во оваа навидум забавна и лесна книга, под плаштот на лежерното, лудичкото, комичното и ведрото, се разоткриваат егзистенцијалните прашања поврзани со човечката криза што потекнува од агресивното потрошувачко општество и површната материјална култура, опседната со рецепти за вечен живот и трајна економска благосостојба, од површните согледувања на светот, од лажното поимање на себството и на животот, од една страна, и со омаловажената и занемарена улога што во општеството ја имаат поетите, писателите, творците, од друга страна. Едноставно кажано, оваа книга говори за еден свет во којшто поетите (како да) се сведени на маргините, на рабовите на неважното, незабележливото, на ефемерното, на украсното, елем на декорот: поетот во светот на потрошувачките зандани е само предмет, или домашно милениче, кое треба да игра, да пее, да скока, да молчи, па да пишува за ова или за она, и тоа само кога ќе му се нареди, кое треба да твори по нарачка, по потреба, дури и да спие под скали, па ете, и да си замине без насока, без иднина, без патека, кога веќе „потрошувачката фамилија“ нема да има средства да го одржи во живот. Но внимавајте, тоа заминување од „потрошувачката капиталистичка фамилија“, која го „купила“ поетот како милениче на ќерката, е и симболика на опасноста од заминувањето на поезијата од лизгавите и површни современи општества во кои живееме! зашто, впрочем, во оваа книга поетот е предмет подлежен и изложен на купопродажба. А јас мислам дека оваа симболична трансакција најдобро ја опишува човечката состојба во рамката на глобализираната, хомолгизирана, материјална и безлична светска еуфорија.

Преведувањето е заборавен инструмент што помага да комуницираат две различни култури и со тоа да сфатиме дека сите припаѓаме на еден ист свет, кој се прикажува во различни форми. Кога одлучивте да се занимавате со оваа професија? 

Многу случајно. Се вели дека животот најубаво се одигрува кога нема сценарио. Едноставно, во 1998 година се отвори Катедрата по италијански јазик и книжевност и решив да се запишам таму, особено зашто ги сакав латинските јазици и култури. Учев италијански и француски јазик, а подоцна и португалски и шпански за време на моите постдипломски студии во Португалија, Франција и Италија, а сега еве и каталонски. И во текот на додипломските и во текот на постдипломските студии преведувавме многу и тој процес на давање ново значење на еден текст, на оживување во друг јазик на делото напишано на странскиот јазик, на одново пишување и творење на книжевната творба ми влеа чувство на сила и верба дека правам нешто корисно и добро за себеси, за мојот ум, дух, поимање и знаење, но и за општочовечко добро, но и дека му помагам на авторот да биде прочитан на друг јазик, а пред сѐ дека јас самата создавам еден јазичен и творечки свет кој во голема мера го содржи мојот белег како автор. Зашто, всушност, книжевниот преведувач е и самиот автор, а тоа не смееме да го заборавиме, особено не сега, кога како да имам впечаток дека се омаловажува и понижува преведувачката професија. Преведувачот е другиот јазик на писателот, а тоа е нешто магично, чудесно, убаво, љубовно!

Шест месеци од својот живот поминавте во Лисабон на студии. Атлантски Океан, сончеви денови и мирис на слобода. Додека преведувате некоја книга од португалски писател, се испреплетуваат ли вашите доживеани искуства со светот за кој раскажува писателот? 

Прекрасно кажано! Токму така: во рамките на моите постдипломски студии поминав еден семестар на Новиот Универзитет во Лисабон, каде што студирав под раководство на Тереза Ботељо и Марија Розарио де Паишао. Тој град ме смени затоа што таму научив дека чудесниот и непреводлив португалски збор „saudade“ е тага да се биде среќен и среќа да се биде тажен, и тоа го засведочив со моето живеење таму. Земјите кои зад себе имале долги колонизаторски методи имаат, за жал, односно за среќа, поголема великодушност во прифаќањето на човечките разлики. Или поголемо разбирање, во секој случај, кое иако често е само когнитивно, а не емпириско, е сепак вредно, сепак мисловно, оти ја одредува свеста на перцепција на другиот.

Но да се вратам на вашето прашање: мирисот на слобода е најточниот опис на Лисабон. Се наоѓате на работ, на крајниот раб на Европа и пред вас е замислата и копнежот на големите португалски морепловци, како Васко де Гама. Денот е долг, светлината неспоредлива, воздухот преполн со чист кислород, од некаде допира до вас чудесен женски глас што пее фадо, или мистичен ритам на самба, мирис на сардини, на вино, на неуморен танц во ноќите без крај.  Додека го преведував Сарамаго, особено неговата книга „Годината на смртта на Рикардо Реис“, ми се случуваше најмногу да ги доживувам одново сите катчиња, улички, меани, паркови, фасади, бои, мелодии и мистерии на Лисабон. Но и кога го преведував Бруно Амарал, кој пак во својата книга „Првобитните нешта“ говори за една постоколонијална реалност во Лисабон, која се одвива преку секојдневните нешта во местата на Маалото Амелија во Алмада, отаде реката Тежо, места кои не ги знам, за разлика од оние опишаните кај Сарамаго, но кои еднакво добро си ги замислував, познавајќи ја лисабонската маалска култура.

Лисабон е мистичен град. Има нешто што не го разбирате, а кое силно ве влече. Кога ќе зачекорите по улиците по кои некогаш чекореле Луис Камоиш, Фернандо Песоа, Софија де Мело, Жозе Сарамаго, или ќе застанете на мостот Васко де Гама, во Алфама, на Мирадоуро Санта Катарина, кај базиликата Естрела или во замокот Сао Жорже, имате чувство дека преку Атлантскиот Океан ја допирате Америка, Јужна Америка, Бразил и дека во таа пулсација од светски култури, етноси, емоции, музики и знаење, сте и вие всушност дел од крвотокот на светот!

Се вели дека преведувачот е читател, интерпретатор и творец во исто време. Каков е светот на преведувачите, знаејќи дека секојдневно се опкружени со зборови, слики, идеи, метафори?…

Насмевка ми дојде за миг… Да, ние сме често и малку суетни и знаеме да се бориме за секој наш избран збор или јазично решение, дури и да се расправаме со лекторите, токму поради тоа што, како што велите и вие, преведувачот е и толкувач, и творец, а не само читател и пренесувач. Па оттаму, ако сум јас и толкувач и творец, многу природно се приврзувам за делото, го засакувам писателот, живеам со личностите, или дури се навлекувам на делото, секојдневно преведувам, и најмалата пречка што ќе ме оддалечи од преведуваното дело може да ми поттикне чувства на бес и нетрпеливост. Некогаш дури и се исклучувам од реалноста и живеам во реалноста на делото што го преведувам. Она во што најмногу уживам во тој преведувачки свет е отвореноста кон нови слики и нови метафори кои не се својствени за културата во која живеам во тој миг. Секоја култура гради, плете, ткае, содржи, нуди свои симболи, а често и бескруполозно ги наметнува и дури ги вметнува преку колективната свест. Книжевниот превод е токму антиномија на таа колективна свест, зашто ве пренесува во други подрачја, преку други мостови, на други брегови од каде што имате подобра перцепција и за себеси, и за светот во којшто сте, но и за светот од којшто сте дошле. Книжевниот превод ви овозможува слобода, поточно, ви ја овозможува слободата на оддалечување, а знаете, оддалеку секогаш подобро се гледа.

Во што лежи уметноста на преведувањето?

Не знам дали би рекла дека нешто ми лежи, но би рекла што „ме заведува“ кај преведувачката уметност (и ви благодарам што ја нарекувате уметност, зашто токму тоа и е!), односно би рекла дека има нешто што е неизбежно, а тоа е дека преведувачкиот процес ви ја дава моќта и дарбата за создавање поинакви, творечки, умствени, духовни светови во вашата глава. И најважно од сѐ, за мене како поет и писател, е тоа што авторите што ги преведувам „водат љубов“ со мојот стил на пишување, ја градат и хранат, непосредно, индиректно, но сублиминално, мојата поетика. Тоа е и стапицата: некогаш се фаќам како пишувам како авторите што ги преведувам, но често и учам од нив, зашто добриот писател е добар читател. На пример, од Сарамаго ја наследив разделбата со интерпункциските знаци, исто како што од италијанските херметички поети (Монтале, Саба, Квазимодо, Унгарети, Луци, Сангвинети) ја наследив опсесијата со „чистата поезија“, односно со мистичниот полнеж на поетскиот збор, со аналогијата, со неискажливото, накусо, со нејасниот и неистражениот внатрешен опит на човечкото суштество.

Сподели ја објавата на социјалните мрежи

Коментари

cialis cada cuando se puede tomar https://viacialisns.com/ - cialis online india Should You Give A Cat Amoxicillin brand name cialis online Propecia Efectos Colaterales

Diorype

Viagra Online Tesco http://buycialisuss.com - Buy Cialis Propecia Effects On Women Benign Prostatic Hyperplasia Buy Cialis Etienne

EllTeep

Priligy Dapoxetina Costo http://abcialisnews.com - п»їcialis Kamagra Sildenafil 100mg Tablets Cialis Acquistare Kamagra In Linea

MatSearma

Misoprostol Oral http://abuycialisb.com - Buy Cialis Cialis Senza Ricetta In Svizzera Buy Cialis 40 Viagra 99 Dollars

MatSearma

Syphilis And Amoxicillin Clavulanate 1g https://buyciallisonline.com/# - cialis generic Propecia Gastrite viagra vs cialis Rapidtabs

Lesagilia

Amoxicillin And Cats http://cheapcialisir.com - Cialis Sertraline Cheap Cialis Propecia Adverse Reactions

StevAltese

Prednisone 6 Day Dose Pack http://buyciallisonline.com/#4 - Buy Cialis Cialis Y De Cialis Amoxicillin Differs From Ampicillin

Lesagilia

Cialis Vademecum Precio cheapest cialis Comparison Generic Cialis Prices Viagra 85 Ans

MatSearma

Amoxicillin Buying It Avec Clomid Buy Cialis Comprar Cialis Generico Madrid Trileptal

Lesagilia

Напиши коментар *

Име *